Утрински Весник
Спорт

Фиорентина сака да се стекне со Белоти

Белоти понуден на Манчестер Јунајтед

Фиренца, 5 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да замине во Фиорентина, пренесува „Ла Национе“.

Според италијанскиот медиум, „Виолетовите“ се обидуваат да ја намалат цената на 26-годишниот фудбалер.

Претходно, раководството на Торино излезе со став дека не планира да го продади својот лидер, иако се верува дека челниците на клубот се подготвени да разговараат за можен трансфер на играчот за 70 милиони евра.

Оваа сезона Белоти одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои постигна 15 голови и направи две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот