Утрински Весник
Економија

„Фејсбук“ ја укина забраната за објавување вести во Австралија

„Фејсбук“ ја укина забраната за објавување вести во Австралија

„Фејсбук“ објави дека ќе ја укине забраната за објавување и споделување вести во Австралија, пренесува Би-Би-Си.

Да потсетиме, најголемата светска социјална мрежа минатиот четврток им забрани на Австралијците и на австралиските медиуми да објавуваат и споделуваат вести. Причината беше предлог-закон со кој Австралија сакаше да ги принуди „Гугл“ и „Фејсбук“ да им плаќаат на издавачите за медиумска содржина.

Австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг, изјави дека првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, му потврдил дека забраната ќе биде укината во следните неколку дена.

Фрајденберг потврди дека предложениот закон ќе биде изменет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Целта е развој на државата и создавање нова вредност

СДСМ: Расте кризата со откуп на млеко, Мицкоски нема пари за земјоделците

Граѓаните со денови не можат да скенираат сметки, Мoj ДДВ не функционира