Утрински Весник
Македонија

Уништен терминал на ЈП Паркинзи во Битола

Уништен терминал на ЈП Паркинзи во Битола

Во текот на ноќта, непознати сторители го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола.

По забележаното оштетување, веднаш е известена полицијата, која изврши увид и се трага по непознатите сторители.

„Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие Паркинзи му е предизвиката штета од околу 5.000 евра“, соопшти претпријатието.

Директорот, Зоран Дојчиновски, истакна дека на овој начин, оштетувајќи ги јавните добра, се прави севкупна штета на општината и нејзините жители.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија