Утрински Весник
Свет

Украински гувернер: Ќе мораме да се повлечеме, Русите влегоа во Северодоњецк

Украинските сили можеби ќе треба да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, тврди гувернерот на тој источен украински регион, Серхи Хаидаи.

Хаидаи објави дека руските сили влегле во Северодоњецк, клучниот град во Луганск и најголемиот град во регионот на Донбас, кој се уште е под контрола на украинските сили.

Оштетени се околу 90 отсто од зградите во Луганск, рече Хаидаи, додавајќи: „Русите нема да можат да го окупираат Луганск во наредните денови, како што предвидоа аналитичарите“.

„Имаме сила и ресурси да се браниме, но можно е да мораме да се повлечеме од некои делови за да не бидеме опколени“, рече Хаидаи.

Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека тие го контролираат целиот Луганск.

Можете да прочитате

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски

Американски медиуми: Бесент и Силуанов разговараа за можно завршување на војната во Украина

Анкета: Марин Ле Пен би победила на претседателски избори во Франција