Утрински Весник
Спорт

Тони Надал: Рафаел апсолутно не го интересира тенисот

Тони Надал: Рафаел апсолутно не го интересира тенисот

Мадрид, 13 април 2020 (МИА) – Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал во моментов воопшто не го интересира тенисот.

Тренерот на Рафа и чичко, Тони Надал истакна дека шпанскиот тенисер во моментов размислува само за битката со коронавирусот.

– Со овој голем проблем што го имаме, се друго е заборавено. Ова се секундарни работи. Сега е важно да се справиме со коронавирусот. Тоа е важно, а не тенисот. Разговаравме и тој ми рече дека не му е грижа сега за тенис. Логично е, ако имате малку обзир, изјави Тони Надал за „Мундо Депортиво“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина