Утрински Весник
Македонија

Премиерот Спасовски се сретна со бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов

Премиерот Спасовски се сретна со бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска го посетија бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение – Велигден, што вчера го славеа граѓаните од католичка вероисповед.

– Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, уверен сум дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри, напиша вечерва на својот ФБ профил премиерот Спасовски. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче