Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 41-годишен мотоциклист во Скопје

Тешко повреден 41-годишен мотоциклист во Скопје

41-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал од патот на бул. Мајка Тереза во општина Центар.

Според информации од полицијата, синоќа во 17:10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. Мајка Тереза и ул. Владимир Назор мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(41) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од затвор вечерва итно пренесен на операција

13-годишник и натаму животнозагрозен – по крвавата пресметка се кројат построги мерки