Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден пешак во Битола,откако во него удрил автомобил

Тешко повреден пешак во Битола,откако во него удрил автомобил

68-годишен пешак се здобил со тешки телесни повреди, откако патничко возило удрило во него.

Како што информираат од МВР, утрово во 6:05 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул. Филип Втори Македонски и ул. Благојче Сиљановски, патничко возило „мицубиши колт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(62) од Битола удрило во Ф.Ц.(68) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври