Утрински Весник
Македонија

Тепачка на ски-терените на Бистра – Косовци против Гостиварци

Тепачка на ски-терените на Бистра – Косовци против Гостиварци

Осум лица се приведени вчера поради тепачка на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според информациите од СВР Тетово, четворица од приведените се од Косово, а другите четворица од Гостивар. Во тепачката биле користени и тврди предмети, при што двајца се потешко повредени и хоспитализирани во гостиварската Општа болница.

Сите инволвирани – Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

„Немам контакти со Заев“ вели пратеникот Цеков

Во ноќен клуб во Охрид приведени седум странски државјанки затекнати при нелегална работа

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет