Утрински Весник
Свет

Тедрос: Земјите треба да ја забрзаат вакцинацијата во борбата против омикронот

Тедрос: Земјите треба да ја забрзаат вакцинацијата во борбата против омикронот

Владите ширум светот треба да ги преиспитаат националните одговори на Ковид-19 и да ги забрзаат програмите за вакцинација за да се справат со новиот сој омикрон, соопшти во Светската здравствена организација (СЗО).

Глобалното ширење на овој сој сугерира дека тој би можел да има големо влијание врз пандемијата COVID-19 и дојде време да се контролира пред да бидат хоспитализирани повеќе пациенти заразени со омикрон, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Ги повикуваме сите земји да го засилат надзорот, тестирањето и секвенционирањето. Секоја бавност ќе чини човечки животи“, рече тој на брифингот со новинарите.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот