Утрински Весник
Спорт

Суарез донесе одлука, се враќа во матичниот клуб Насионал

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез донесе конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Тој се враќа дома и ќе потпише договор со Насионал, неговиот матичен клуб каде ја почна кариерата.

dobivaj vesti na viber

„Беше невозможно да се одбие понудата од Насионал. Постигнавме преддоговор и во наредниот период треба да бидат договорени сите детали. Се надевам дека ќе уживам и во оваа нова авантура“, изјави Луис Суарез.

Суарез како слободен агент го напушти Атлетико Мадрид, имаше понуди од Борусија Дортмунд и од Астон Вила, како и од неколку клубови од МЛС – лигата, но на крајот реши да се врати во татковината.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0