Утрински Весник
Македонија

Полицаец од Кичево пријавен за малтретирање, употребил сила иако немало отпор

Policija 960x625 0 0 1.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата” предвидено и казниво по член 143 од Кривичниот законик.

Пријавениот М.А. на работно место „полицаец” во ПС Кичево при СВР Охрид, на 12.02.2026 на кружниот тек помеѓу бул. „Ослободување” и ул. „Рудничка” во Кичево, додека извршувал работни задачи во содејство со уште еден полициски службеник извршил малтретирање на лице, така што откако забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на две групи лица, во еден момент кога истите престанале со нарушување на јавниот ред и мир и не давале отпор кон пријавениот, М.А. неовластено употребил физичка сила кон едно од лицата.


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата, упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Полицијата уапси три лица по пожар во Чаир, запален багер во отпад

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка