Утрински Весник
Спорт

Страв од коронавирус: Два тима во Италија одбија да тренираат

Платите на сите играчи во Серија А намалени за една третина

Парма, 2 мај 2020 (МИА) – Екипите на СПАЛ и Парма објавија дека нивните играчи нема да продолжат со тренинзите во понеделник, иако добиле зелено светло од локалните власти.

– Активноста на првиот тим ќе остане суспендирана додека го чекаме здравствениот протокол и правилата за продолжување на спортот, рече СПАЛ.

Позицијата на Парма е слична. Тие велат дека чекаат протокол, кој треба да го поддржат сите, пред да започнат повторно со групни активности.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен