Утрински Весник
Економија

Сточарите нема да поднесуваат барања за субвенции за млеко, процедурата ќе ја спроведува Платежната агенција

Продолжен рокот за барање субвенции за млеко и несилки, почнува и аплицирањето за предадено јагне 

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Поднесувањето на барањата за субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко нема да го вршат сточарите, туку Платежната агенција податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Ваквото олеснување на административните процедури, како што наведува МЗШВ, е поради состојбата предизвикана од КОВИД-19, а целта е земјоделците да не одат до подрачните единици на Министерството и да не се изложуваат на ризик.

-Владата на предлог на Министерството за земјоделство донесе Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со оваа Уредба се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, информира МЗШВ. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“