Утрински Весник
Македонија

Дехари: Горд сум со моите сограѓани, бидејќи тие се најзаслужни што нема заразени со коронавирус во Кичево

Дехари: Горд сум со моите сограѓани, бидејќи тие се најзаслужни што нема заразени со коронавирус во Кичево
Ss2

Кичево,18 мај 2020 (МИА) – Општина Кичево е една од малкуте општини во земјата што практично остана недопрена од коронавирусот, бидејќи двата случаи што се водеа во статистиката од Министерството за здравство практично немаа контакт со резидентниот дел на населението, тие допатуваа од странство и директно беа сместени во карантин, но за среќа и тие веќе се оздравени.

За оваа ситуација, но и за други проекти на Општина Кичево разговаравме за МИА со градоначалникот Фатмир Дехари, кој воедно е и раководител на координативното тело на Општината.

Ss1

Кичево нема заразени со коронавирус, на што се должи тоа?

– Дозволете прво да ви се заблагодарам како најрелевантна информативна агенциска куќа во земјава за професионалниот однос што го имате кон аудиенцијата, за коректниот однос кон нашата институција, бидејќи соработката со вас е на највисоко можно ниво и јас искрено се надевам дека така ќе продолжи да биде и во наредниот период, професионално, точно и навремено информирање.

За ваквата состојба во Кичево најголеми заслуги имаат граѓаните на општината Кичево, кои беа дисциплинирани, посветени и ги почитуваа препораките на надлежните институции. Се разбира, има и исклучоци, но тие се сосема мал дел. За ова без лажна скромност јас сум горд на моите сограѓани, се надевам искрено дека заеднички ќе истраеме и ќе излеземе како победници не само како Кичево, туку и целото наше општество.

Каква е соработката меѓу сите чинители на координативното тело за справување со оваа пандемија?

– Сите ги извршуваа своите задачи мошне професионално, почнувајќи од полицијата со своите секојдневни активности, Армијата, особено со дезинфекцијата на верските објеки, комуналното претпријатие, кое ги дезинфицира речиси сите улици во градот и, секако, здравствените установи на нашата општина што беа подготвени и ги презедоа сите мерки за да им помогнат на евентуално заболени пациенти, кои би побарале од нив здравствена помош.

Многумина ве критикуваат дека не сте тестирале доволен број население?

– Оние што според препораките и процедурите одредени од надлежната државна институција требало да се тестираат, се тестирани, за оние што покажале некакви симптоми, процедурата течела и тече најнормално преку матичните лекари, бидејќи токму тие го следат здравјето на нивните пациенти. Сите што беа упатени за тестирање, се тестираа и, за среќа, сите барем до овие моменти беа негативни.

Кичево нема заразени, но сепак ќе ги почувствува економските последици. Како можете тука да им помогнете на граѓаните?

– Најзасегнати се угостителите, но и другите сектори секако ја почувствуваа оваа криза. Владата презема мерки за да им помогне на оние што се најзасегнати, но и ние како општина заедно со администрацијата веќе размислуваме во овој правец, но секако во рамките на нашите надлежности, а тие се, за жал, многу мали, но и со тие што се ние ќе се трудиме да му излеземе во пресрет на локалниот бизнис, секогаш во рамките на нашите ингеренции и можности.

Во ова време, и покрај тешкотиите, сепак некои проекти што беа предвидени за реализација од страна на Општината се реализираат?

– Речиси сите проекти што беа предвидени се реализираат, почнувајќи од уредувањето на улицата „Маршал Тито“ делот пред комплексот „Арабела“ со двата кружни тека и уредувањето комплетно од подземната инфраструктура до хортикултурното уредување, потоа на неколку села, особено во зајашкиот регион се работи на неколку локални улици што се уредуваат. И да не заборавиме, најголемиот проект што годинава го реализираме тоа е целосната реконструкција на Китино кале, што се очекува летово да биде пуштено во употреба. Имаме и други проекти, но во моментот, што е сосема разбирливо, сме фокусирани на борбата со коронавирусот.

Опозицијата ве обвинува дека преку отчетноста што ја имавте пред кризата низ сите месни заедници практично сте ја злоупотребиле функцијата?

– Општина Кичево и функцијата што јас ја обавувам веќе трета година од вториот мандат никогаш во ниеден момент не ги делела луѓето по никаква основа. Впрочем, јас кога работам некој инфраструктурен објект, го правам да биде користен и се користи од сите граѓани на нашата општина. Ова е едниот аспект и од друга страна ние сме општина за пример за добри меѓуетнички и меѓурелигиски односи со сите што живеат во нашата општина. Сосема на крај мојот принцип на работа се темели на транспарентност и очетност пред моите сограѓани.

Дијаспората од Кичево игра голема улога во напредокот на локалната економија, тешко годинава дека ќе можат да помогнат поради пандемијата?

– Би сакал најпрвин да им посакам добро здравје, да ги поздравам сите во дијаспората, секако тие се неодвоив дел на нашето општество, особено за Кичево тие се многу значајни и придонесуваат, како и секогаш, за подобрување на економските параметри, но повторувам најбитно е здравјето на сите и да видиме како ќе се движат работите со пандемијата, со која е опфатена, за жал, целата планета, бидејќи овој вирус има многу непознати и за самите здравствени експерти. Да излеземе првин како победници, а ќе излеземе, јас сум оптимист, сите заедно независно кој каде работи и дејствува во моментот.

Рефик Зенку

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Граѓанин до функционери на ВМРО-ДПМНЕ: За седум години пензијата ми порасна за 48%

(Видео)Пендаровски кон Давкова: Госпоѓо лажете

Маричиќ: Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните увидоа дека улогата на ЗНАМ е да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго