Утрински Весник
Македонија

Спортската сала „Јасмин“ целосно подготвена за спортистите, по пауза од неколку месеци поради коронавирусот

Спортската сала „Јасмин“ целосно подготвена за спортистите, по пауза од неколку месеци поради коронавирусот

Кавадарци, 29 јуни 2020 (МИА) – Спортската сала „Јасмин“ од Кавадарци е целосно подготвена за спортистите од различни видови спортови, по пауза од неколку месеци поради коронавирусот. Ова денеска го изјави директорот Сашко Атанасов.

Тој појасни дека периодов што измина го искористиле за бојадисување и лакирање, чистење и дезинфицирање во големата и мала сала во спортскиот центар, останатите простории и опремата во овој објект од спортски карактер.

Атанасов нагласи дека ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД-19, донесени од надлежните служби и веднаш штом биде дозволено, ќе го стават објектот во функција. свд/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Промоција на книгата „Превентивна стоматологија“ на 16 октомври во Стоматолошки факултет

Еден томограф на Радиологија повторно работи, прегледи ќе има и за викенд

Пред нас се два продолжени викенда во октомври – еве кога ќе одмараат граѓаните