Утрински Весник
Македонија

На автопатот Куманово – ГП Табановце кај „Чифлик“, пронајдени 10 мигранти, приведен штипјанец

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Сопот на 27.06.2020 во 19.45 часот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, осомничен дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Од МВР појаснуваат дека при обид да застанат патничко возило „ауди А6“, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

– По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик“, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“ – 24info.mk

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

108 санкционирани возачи во Скопје