Утрински Весник
Македонија

„Денот на Баба Марта“ меѓу десет најдобри европски приказни

„Денот на Баба Марта“ меѓу десет најдобри европски приказни
300x250 (7)

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Проектот „Денот на Баба Марта“ на Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ е избран меѓу десетте најдобри европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство“, поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство“.

„Денот на Баба Марта“ е создаден за поддршка на мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт “ во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки“. Во 2017 година мартинките беа впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО и станаа дел од светското нематеријално културно наследство, а „Хаемус“ стана правен носител на ова културно добро од Македонија во УНЕСКО.

300x250 (7)

Од „Хаемус“ посочуваат дека се строги условите да се биде дел од повикот „Приказни за европското културно наследство“ и дека покрај многу други категории, важно е што една граѓанска организација мора претходно да има организирано барем еден голем јавен настан во последните три години.

-Тој настан е пожелно да биде координиран, евалуиран и реализиран во рамките на националната програма за „Европските денови на културното наследство“. Подоцна, при аплицирањето, целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како  дел од заедничкото – европско културно наследство,  велат од „Хаемус“. хс/дма/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Беловски: Новинарите се соочуваат со многу проблеми, може да се надминат со сплотеност и храброст 

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз” во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност