Утрински Весник
Економија

Спасовски: Очекувам успех во издавањето на еврообврзницата

Спасовски: Очекувам успех во издавањето на еврообврзницата

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) –  Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека во текот на денов се прават анализи, подготовки и разговори околу најавеното издавање на еврообврзницата за што е почната постаката.

-Се уште е рано да кажеме. Почна постапката  Во текот на денов се прават сите анализи, подготовки и разговори итн, врз основа на што ќе има и подетални информации. Очекувам дека ќе имаме успех во ова, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, по увидот во градежните активности во ТИРЗ Скопје 2.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во февруари годинава најави дека државата по изборите ќе издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Откако настапи здравствено економската криза Владата првично најави задолжување на меѓународниот финансиски пазар од 400 милиони евра, но потоа одлучи директно да премине на варијантата на издавање еврообврзница.

Ангеловска на крајот на април изјави дека еврообврзницата ќе биде издадена кога ќе бидат создадени најповолни услови.

Нашата држава досега има издадено шест еврообврзници.

Според податоците на Министерството за финансии, годинава за враќање доспеваат 705 милиони евра, а од нив веќе се исплатени 155 милиони евра  по основ на заемот од Светска банка  од 2013 година. За следната година за враќање доспеваат 936 милиони евра.лв/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст