Утрински Весник
Економија

Поскапеа кафеаните – 24info.mk

Restoran kvin tuzla1 5.jpg

Угостителските услуги стануваат сè поскапи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од 2026 година цените во овој сектор бележат пораст од 3.0 % во споредба со истиот период минатата година.

Само во март годинава, ценовникот во угостителството е повисок за 2.4 % во однос на март 2025-та, што потврдува дека трендот на поскапување продолжува и во оваа деловна година.


„Анализата по групи покажува дека најголем притисок врз паричниците има кај храната, каде само за еден месец е забележан раст од 0.2 %, додека кај пијалаците и ноќевањата цените засега мируваат“, велат од ДЗС.

Можете да прочитате

СДСМ: Секоја „мерка” на Мицкоски е нов удар врз џебот на народот, граѓаните со страв ги чекаат неговите најави

Просечната нето плата во мај 49.544 денари

Повеќе пари за ранливите категории и инфраструктурата: Kаква политика најавува Владата?