Утрински Весник
Македонија

Лажен полицаец одзел возило на фирма, а подоцна нападнал и женa и ѝ го украл кучето

Policija 2.webp.webp

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Х.Ј.(45) од Штип.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „лажно претставување“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба на дрзок начин“.


На 09.03.2025 на ул.„Рибник” во Штип, пријавениот сопрел патничко возило „пежо“ во сопственост на правен субјект, претставувајќи се лажно како полициски службеник, при што го одзел возилото и си заминал од местото.

Истиот ден, на ул.„Сутјеска”, додека пријавениот го управувал одземеното возило, застанал до едно женско лице, физички ја нападнал и го одзел нејзиното куче.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција