Утрински Весник
Македонија

Уапсен старец од Свети Николе, го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња

Policija 4.jpg

На 03.04.2026 во 21:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.Ј.(71) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во 18:00 часот во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Можете да прочитате

Возач на мопед тешко повреден по сообраќајка во Струмичко

Фатени двајца дрвокрадци во Велешко

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга