Утрински Весник
Македонија

Тепачка во угостителски објект во Карпош

Mvr.jpg

Групна тепачка се случила вчеравечер во угостителски објект во скопската општина Карпош, а учесните искршиле дел од инвентарот во локалот, соопшти МВР.

„На 31.03.2026 околу 23:30 часот, во СВР Скопје е пријавена физичка пресметка во угостителски објект на подрачјето на Карпош. Во инцидентот учествувале Е.С.(30) и И.Д.(33) од една страна и П.Т.(50) и Н.Ѓ.(43) од друга страна, сите жители на Скопје. При тепачката, Е.С. бил удрен со тврд предмет, а дел од инвентарот во објектот бил оштетен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу настанот“, се вели во полициското соопштение.


Можете да прочитате

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид