Утрински Весник
Македонија

Спасовски негативен на Ковид-19

Спасовски негативен на Ковид-19

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски предмалку на својот фејсбук профил информира дека резултатот од тестот што го добил вечерва е негативен, и покажува дека тој не е носител на коронавирусот.

Согласно препораките на епидемиолозите, како што напишта премиерот, и понатаму ќе остане во изолација во домашни услови.

-Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите, пишува Спасовски.

Тој уште една упати апел граѓаните секогаш да држат 2 метри физичка дистанца, да носат заштитни маски и да не се групираат.

-Останете дома ако не мора да излегувате. Да ги почитуваме мерките! Секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни. Ви благодарам за поддршката!, пишува премиерот Спасовски на фејсбук.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство