Утрински Весник
Спорт

Бонавентура има тенденција да се пресели во Торино

Бонавентура има тенденција да се пресели во Торино

Милано, 23 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Милан, Џакомо Бонавентура може да замине во Торино, објави „Тутоспор“.

Според изворот, 30-годишниот Италијанец е склон да се пресели во клубот од Торино. Исто така, за фудбалерот се зинтересирани и Фиорентина, Наполи и Аталанта.

Претходно се дозна дека клубот од Милано нема да го обнови договорот со италијанскиот фудбалер.

Бонавентура игра за Милан од 2014 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни. Тој оваа сезона настапи на 19 натпревари и постигна три гола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино