Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Стража

Сообраќајот по влажни коловози, можни одрони низ котлините и клисурите

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Стража, кој не се задржува на коловозот, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Согласно одлуката на Влада поради коронавирусот, затворени се граничните премини Џепиште-Требиште и Блато и сите возила и патници се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток. Затворен е и граничниот премин Прохор Пчински и возилата се пренасочуваат на Табановце-Прешево. Затворен е и граничниот премин Голема Црцорија – Голеш (кривопаланечко). бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница