Утрински Весник
Македонија

Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ