Утрински Весник
Македонија

Сончево и променливо облачно, со температури до 16 степени

Сончево и променливо облачно, со температури до 16 степени
Img 5587

Времето ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 11 до 16 степени.

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ss1

Од денеска времето ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата.

Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Европски фронт: Граѓаните како што сакаат да го искористат правото на глас на претседателските избори