Утрински Весник
Македонија

Штерјова: Левица заедно со ВМРО не гласаа за минимална плата од 600 евра

Keti shterjova.jpeg

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова советничка на Град Скопје

Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра. 


Не влегоа ниту во собраниската сала. Токму на Светскиот ден на пристојна работа.

Лажна лева партија која работи под десна наредба, спутник на арамијата. Партија на далечинско која одработува само за потребите на Мицкоски. 

Анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка.  На крајот испадна и анти-плата, анти-работниците. 

Не гласаа за минимална плата од 600 евра заедно со ВМРО, ЗНАМ, ВЛЕН.

Уште еднаш се потврди. СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски. 

Левица работи само под десна команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица.

Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. 

Работниците не можат да врзат крај со крај, синдикалната кошничка е над 90 илјади денари, не можат да ги платат сметките ама за Левица тоа е неважно.

Сега работниците знаат кој е на нивна страна а кој е на страна на Мицкоски. А знаат и граѓаните. 

СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата. 

Работниците заслужуваат достоинствен живот!

Можете да прочитате

ДУИ: Одлуката на Уставниот суд создава преседан за албанскиот јазик и правната сигурност

Муцунски на Конференцијата за Коридорот VIII во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Тошковски: 33 нови полициски мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција