Утрински Весник
Македонија

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве Баир, како и на патот Дебар-Маврово.

Голем дел од државата го зафатија снежни врнежи, правејќи снежна покривка и на пониските места.

Најмногу снег, 44 сантиметри, утрово има на Попова Шапка, по што следат Маврови Анови (21), 9 Крушево (9), Ѓуриште (6), К.Паланка (5) , Тетово (4) , Скопје-Петровец (3) и Виница, Куманово (1).

Времето во текот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието, велат од УХМР.

Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерн, вдолж Повардарието засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ