Утрински Весник
Македонија

Словачка донира респиратори за Детската клиника и за Гинекологија

Словачка донира респиратори за Детската клиника и за Гинекологија

Словачка, преку механизмот за справување со пандемијата на НАТО, донира респиратори за инвазивна и неинвазивна вентилација за Универзитетската Клиника за детски болести и Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека овие респиратори во моментов се користат за пациенти заболени од Ковид – 19 и истите имаат позитивно дејство врз овие пациенти.

Специфичноста на овие машини е во тоа што истите имаат посебен софтвер кој што може да одговори на сите типови на белодробни заболувања. Новиот софтвер којшто го содржи во овој тип на респиратор има посебен модул за ковид – пациенти, поради кој што се јавува голем успех во лекувањето.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека станува збор за четири респиратори.

 

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени