Утрински Весник
Македонија

Скопјанец земал возило на пробно возење, но ниту го платил, ниту го вратил

Скопјанец земал возило на пробно возење, но ниту го платил, ниту го вратил
Ss2

42 годишен жител на Скопје се сомничи за затајување откако најпрво на проба земал патничко возило но подоцна ниту го платил возилото според договореното ниту пак го вратил.

Од СВР Скопје известуваат дека поднеле кривична пријава против О.Ј.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Img 5587

Пријавениот, се договорил со П.В. да го земе патничкото возило „мерцедес C350“ на проба, а потоа да му исплати 1.600.000 денари до крајот на декември 2020 година.

Меѓутоа, до денот на пријавување на кривичното дело тој не го извршил плаќањето, избегнувал контакт, не одговарал на телефонските повици и не бил достапен, вели полицијата.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово