Утрински Весник
Македонија

Се гради нов парк во скопски Мичурин

Се гради нов парк во скопски Мичурин

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Во населбата Мичурин во скопската општина Аеродром во тек е изградба на нов парк, што ќе се протега на површина од 3.573 квадратни метри.

Паркот е проектиран според сите стандарди, со нови зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, место за игри за најмладите, а ќе биде оставен и посебен простор за негување на традицијата при Мичуринските средби. 

На местото на градежните активности околу изградбата на новиот парк во Мичурин денеска убид изврши градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Макфест во знакот на големите музички имиња

Филипче: Мафијата што ја демонтираат во Србија се пренесе кај нас преку СНС врз ВМРО, преку Вучиќ врз Мицкоски

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за земјоделците, јавниот превоз, здравството и научната инфраструктура