Утрински Весник
Спорт

Кутињо предложен на Евертон

Барса го жртвува Кутињо за Нејмар

Ливерпул, 20 јуни 2020 (МИА) – Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо му беше понуден на Евертон. Трансферот може да се случи само доколку Барселона продолжи да плаќа голем дел од неговата плата.

Играчот од средниот ред моментно игра на позајмица од „Каталонците“ во Баерн. Кутињо нема иднина на „Алијанц Арената“, но тој не ја сака ниту на „Камп Ноу“.

Баварците можеа да го купат за 120 милиони евра, но тие одбија да го сторат тоа. Ова значи дека Филипе мора да се врати во Барселона.

„Блаугранас“ веќе бараат начини да се разделат со него.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства