Утрински Весник
Македонија

СЕФ – Скопје: „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“

СЕФ – Скопје: „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“
300x250 (7)

Под насловот „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“, се одржа последниот панел на овогодинешниот, прв Социо-еколошки Форум Скопје. Главната тема на овој панел беше младинската перспектива на климатските акции и борбата против климатските промени. Исклучително е важно младите да бидат сериозно вклучени во еколошките политики.

На младинскиот панел се обратија: Јуте Гутеланд, европратеничка, Марко Михаилоски, претседател на СДММ, Бруно Конкалвес, генерален секретар на Меѓународната унија на млади социјалисти, Ана Пиртсхалава, генерален секретар на Младите европски социјалисти и Влатко Ѓорѓевски, претставник во националната канцеларија на РИКО.

300x250 (7)

Европратеничката Јуте Гутеланд истакна дека глобалното затоплување е најголем предизвик на нашето време. Климатските политики се алатката со којашто како социјалдемократи мора да го решиме проблемите кои предизвикуваат климатските промените. Преминот во климатски неутрално општество треба да се имплементира во законите, додаде таа. „Морам да нагласам дека од 2014-та година, откако сум пратеничка во Европскиот парламент па сѐ до сега, многу работи се променија за оваа исклучително важна проблематика. Ако некогаш беше ниско на агендата, денеска е првата работа за која политичарите во европарламентот зборуваат“

Ана Пиртсхалава им се заблагодари на Грета Тунберг и климатските активисти „Петоци за иднината“ и додаде: „Ако порано зборувавме за климатски промени денес зборуваме за климатската криза. Сите сме свесни колку се алармантни овие прашања и дека времето за акција е сега. Но, не треба да се заборави генерацискиот аспект на овие прашања, понекогаш гледам да се создава генерациски јаз, но ова е нешто што нѐ засега сите и може да се реши само со глобален пристап“ додаде Пиртсхалава.

Марко Михајловски, претседател на СДММ, се согласи со претходните панелисти и додаде дека изворите на енергија се прашање кое од секогаш ја определувало иднината и човештвото. „Малку е да се рече дека со огромно внимание ги следиме случувањата отколку енергетскиот сектор, бидејќи следењето подразбира пасивност, а станува збор за политика и политичка тема, која ние никако не смееме да ја одбегнеме. Напротив, сакаме да бидеме вклучени во овој процес кој е клучен во светот, во кој денеска живееме.“ кажа Михаилоски.

Бруно Конкалвес, нагласи дека од круцијално значење е младинското учество во решавањето на климатските промени. „Обично ја повикуваме младината да учествува и да интервенира, но неретко не ја слушаме. Тоа што го правиме заедно со Прогрес Институтот и ФЕС е важно, затоа што не се работи само за давање на простор за младинските претставници или место на сцената, туку се работи за нашите вистински придонеси на меѓународно ниво“ дополни Бруно Конкалвес.

На крајот, Владимир Ѓорѓиевски од националната канцеларија на РИКО заклучи дека треба да се мисли и работи на креирање на одржлива иднина затоа што нивото на мориња и океаните се зголемуваат, температурите се зголемуваат, а на некои градови им се заканува целосно исчезнување. Не треба да мислиме само на тоа што можат поединци да направат, туку и големите корпорации да бидат дел од решенијата за климатските промени.

По работната сесија, следуваа завршните зборови на Рене Шлее, директор на ФЕС Скопје и Косово, Бојан Маричиќ, министер за правда во Владата на Република Северна Македонија и Павле Богоевски, Извршен директор на Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Рене Шлее резимираше дека обврска на социјалната демократија е да ги стави граѓаните во фокус. Тој ја истакна потребата за кооперација со релевантните актери на национално ниво, но и со оние во Европа со оглед на тоа дека ова прашање е глобално а не локално.

Министерот Маричиќ истакна: „Интензивен и корисен ден со многу важни средби и дискусии. Отворените прашања се сега приоритети на светско ниво. Не е прашање дали туку кога треба да се започне со интензивна, зелена трансформација на нашите општества. Искрено сум среќен што сум Министер во влада која сериозно ја има разбрано важноста на ова прашање и факт е дека климатските промени се глобален проблем но прв чекор е зелената трансформација да ја имплементираме дома.“

Конечно, Павле Богоевски од Прогрес – Институтот потенцираше дека овие глобални предизвици нѐ зближуваат и се интегрален дел од нашата социјалдемократска борба. „Голема благодарност до премиерите Заев и Курти за тоа што одлучно покажаа колку високо на нашите агенди е зелената трансформација. Исто така, би сакал да се заблагодарам на нашите европски, регионални и локални сојузници, за присуството на овој важен настан и за поддршката за овие предизвици кои не засегаат сите нас во периодот кој следи“ – заклучи Богоевски.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор