Утрински Весник
Спорт

Антонио го режираше пресвртот на Вест Хем, Лестер извлече бод против Барнли

Антонио го режираше пресвртот на Вест Хем, Лестер извлече бод против Барнли

Вест Хем и Евертон забележаа победи во традиционалниот саботен термин во Премиер лигата. „Чеканите“ победија во Лидс, Евертон го победи Норич, Лестер се извлече од пораз против Барнли, а без победник заврши и натпреварот Вотфорд-Њукасл.

Лидс, прв пат од сезоната 1935/1936, нема победа по првите шест кола. Екипата на Марсело Бијелса има три нерешени и три порази. Третиот пораз го доживеаја од Вест Хем.

„Чеканите“, со пресврт во вториот дел, изборија победа на „Елан роуд“. Рафиња во првиот дел погоди за Чидс, во вториот израмни Фирпо со авто-гол, а победата на Вест Хем им ја обезбеди Антонио во 90.минута.

Лестер, во финишот на натпреварот се спасија од пораз против Барнли. Мечот го обележа Џејми Варди, кој постигна три од четири гола.

Варди најпрвин си постигна авто-гол, потоа го израмни резултатот на 1:1. Барнли имаа предност по првиот дел со голот на Корне.

Лестер израмни преку Варди во 85.минута. Домашните ВАР ги псаси од пораз. Напаѓачот на Барнли, Крис Вуд, во 95.минута се најде во милиметарски офсајд.

Евертон рутински го победи Норич со 2:0. Таусенд постигна гол од пенал во првото полувреме, а триумфот го потврди Докуре во вториот дел.

> Антонио го режираше пресвртот на Вест Хем, Лестер извлече бод против Барнли <

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами