Утрински Весник
Спорт

Серена го откажа учеството на Австралија опен

Серена го откажа учеството на Австралија опен

Серена Вилијамс потврди дека нема да учествува на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Седумкратната шампионка во Мелбурн не физички подготвена да се натпреварува на турнирот.

„Следејќи ги советите на мојот медицински тим решив да се повлечам од Австралија опен. Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но свесна сум дека не сум доволно физички подготвена за да се натпреварувам во Мелбурн“, порача помладата од сестрите Вилијамс.

Серена Вилијамс нема настап на ВТА турнирите од Вилблдон, кога во првото коло и го предаде мечот на Аликсандра Саснович.

Вилијамс во кариерата има освоено 23 гренд слем титули, последната ја освои токму во Мелбурн во 2017 година.

> Серена го откажа учеството на Австралија опен <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување