Утрински Весник
Свет

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Граѓаните веруваат дека тој добро се снашол и дека заслужил постхумна победа.

Десетици граѓани запалија свеќи на гробот на социјалдемократот Јон Алиман по завршувањето на локалните избори во Романија. Алиман победи со 64% ​​од гласовите во селото Девеселу во јужна Романија, кое има околу 3.000 жители, и тоа би бил негов трет мандат.

„Не верувам дека повторно ќе имаме таков градоначалник“, рече еден жител на селото.

Алиман почина на 17 септември во болница во Букурешт, но неговото име веќе беше испечатено на гласачките ливчиња и не можеше да се отстрани, соопштија официјалните лица.

Тие изјавија дека сега ќе се одржат нови избори.

И покрај победата на Алиман, неговата Социјалдемократска партија загуби на локалните избори во клучните градови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија

Кина воведе строги забрани за патување во странство за прекршителите на правилата за трансфер на технологии

Демографски рекорд во Јапонија: Повеќе од сто илјади лица постари од сто години