Утрински Весник
Свет

Секоја држава самостојно ќе одлучува за примената на „Астра зенека“

Секоја држава самостојно ќе одлучува за примената на „Астра зенека“
Img 5587

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја самата да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „Астра зенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

„Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

Img 5587

Заеднички заклучок не донесоа ниту министрите за здравство на членките на ЕУ, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината.

Министрите одржаа вонредна виртуелна средба. Пред средбата, Португалија, која претседава со Советот на ЕУ, испратила писмо во кое се повикуваат министрите да најдат „заеднички јазик” во врска со употребата на вакцината, пренесуваат британски медиуми. Сепак до таков договор не дојде и земјите-членки ги задржаа различните препораки за вакцината. Се очекува разговорите на оваа тема да продолжат.

Во изминатите десет дена неколку земји, меѓу кои и Македонија, ја забранија употребата на „АстраЗенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА. Во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека“.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години