Утрински Весник
Македонија

СДСМ реагира на обвинувањата за Државни патишта: „ВМРО-ДПМНЕ во очај измислува скандали и афери“

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со конструкциите, во очај измислува скандали и афери онаму каде ги нема, реагира СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека на милионски тендер на „Државни патишта“, единствен понудувач e фирма блиска на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Откако им пропаднаа сите обиди да ја закочат државата, да ги поделат граѓаните и да ја дестабилизираат земјта, во ВМРО-ДПМНЕ се вратија на она што единствено го знаат и умеат а тоа е создавање конструкции и измислување непостоечки афери.

Такви се и последните тврдења за одредени јавни набавки од страна на Јавното претпријатие за Државни патишта.

Јавното претпријатие работи согласно законите, додека проектите финансирани со грантови или со заеми од меѓународните финансиски инститиции се изведуваат согласно нивните правила и процедури.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да конструира непостоечки скандали, тоа нема да го прикрие фактот што оваа партија е дејствува на штета на граѓаните, ниту пак тоа што нивните градоначалници за девет месеци мандат освен партизација на општините ништо друго немаат реализирано“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Непријавен накит „Сваровски” вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје

СДСМ: ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава