Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Лажговци и лицемери, ВМРО ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло

ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерие, за дрско и безобразно лажење на граѓаните. Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во екслузивни ресорти во Црна Гора и други монденски дестинации, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт