Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза

Тажни слики од крајно запоставените езерца во Градскиот парк во Скопје, претворени во буниште, во извор на зараза, сведочи за негрижата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, обвинуваат од СДСМ.

„ Езерцата неисчитени со месеци, полни со отпадоци, гнилеж и тиња претставуваат потенцијален извор на зараза за граѓаните, кои секојдневно во голем број го посетуваат паркот, се наоѓаат на само неколку десетини метри од канцеларијата на Арсовска.

За само шест месеци мандат, Данела Арсовска се покажа како најнеспособна градоначалничка на Скопје.

Работењето, односно неработењето на Арсовска за половина година се сведе на нереазлириање на ветувањата дадени на граѓаните и стопирање на проектите започнати од претходната локална власт предводена од СДСМ.

Граѓаните на дело, секој ден ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот