Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

300x250 (7)

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги ставаат личните и партиските интереси, е нагласено во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Тие изминатите 10 месеци не работат ништо. Парите на граѓаните ги трошат на лускуз и партиски вработувања, додека општините и јавните претпријатија тонат во долгови. Згора на тоа, во време на криза наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги. Општина Штип за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубрарината. Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз“, посочуваат од партијата на власт.

Ss1

Според СДСМ, додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.

„Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност. Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од една страна глумат загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а од друга, како што додаваат, нивните функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом

Ковачевски: Не е точно дека подготвуваме бојкот, повикуваме на масовно гласање за претседател и нов парламент

Малолетник силувал малолетничка од Струмичко