Утрински Весник
Свет

Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземените привилегии

300x250 (7)

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати посебните привилегии што му беа одземени во мај, изјави неговиот адвокат.

dobivaj vesti na viber

Тој бара да му биде вратена функцијата во парламентот во тужбата поднесена во Управниот суд во Берлин, изјави неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел, пишува ДПА.

Ss1

Комитетот за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради неговите врски со Русија, мора да се откаже од правото на функција во Бундестагот, иако и понатаму има право на пензија и осигурување.

Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека е незаконска одлуката на буџетската комисија на Бундестагот да го прекине финансирањето на канцеларијата со кадри на кои Шредер има право и истата да ја укине, се вели во соопштението од адвокатската канцеларија кое го пренесува ДПА.

Ss1

Можете да прочитате

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години