Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Во услови на криза обезбедуваме стабилна економија и помош за граѓаните

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедени се средства за повисоки плати и пензии, за поголема поддршка на земјоделците, но и за антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Во услови на глобална економска и енергетска криза, обезбедени се дополнителни 76 милиони евра за антикризни мерки за помош на граѓаните во справувањето со последиците. 52 милиони евра издвојуваме за поддршка на земјоделците за да поттикнеме зголемување на домашното земјоделско производство.

Преку одговорен пристап, обезбедени се и доволно средства за рекорден раст на пензиите, за зголемување на платите во образованието и детската заштита но и за субвенционирање повисоки плати во приватниот сектор.

Ребалансот е уште еден чекор кон обезбедување на макроекономската стабилност и конкретна поддршка за стопанството. Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните и полесно справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија