Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ распродаде 70 отсто од „Славија“, а сега шири лаги и дезинформации

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ распродаде 70 отсто од „Славија“, а сега шири лаги и дезинформации

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да изнесува тешки лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија, обвинуваат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски.

„ВМРО-ДПМНЕ во своите конструкции околу вредноста на имотот на АД Славија, испушта да каже дека во периодот од 2012 до 2017 година имотот на компанијата го распродавала на парче со тајни зделки. Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали некогашни маркети на компанијата низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е оптоварена со долгови, кон доверители и кон поранешните вработени“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ нагласуваат дека наместо да пласираат дезинформации, од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на 12-годишното владеење не го решиле проблемот со АД Славија, туку, како што велат, распродале 70 отсто од нејзиниот имот.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт