Утрински Весник
Македонија

Паланчанец запалил штала со пет тони сено

Policija Mvr2.png

Кривопаланчанец е осомничен дека запалил штала со околу пет тони сено и со земјоделски алати во атарот на селото Луке.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против И.М. (49) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност “. На 28 јануари 2026 година, во атар на с.Луке, општина Крива Паланка, пријавениот опожарил помошен објект — штала во која имало пет тони сено, земјоделски алат и опрема, во сопственост на четири лица,“ соопшти полицијата.


Можете да прочитате

“Транспарентност” по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, Левица бара итно да се повлече предлог-законот

Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави