Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Ќе преземе ли Муцунски нешто за да се изгради мостот во Аеродром?

(Видео) СДСМ: Ќе преземе ли Муцунски нешто за да се изгради мостот во Аеродром?

Данела Арсовска на штета на скопјани ја стопираше изградбата на мостот „Михајло Апостолски“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, посочи денеска претседателот на СДММ Аеродром и советник во Советот на општината, Љупчо Недески.

Тој воедно запраша дали градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ја поддржува одлуката на Арсовска за стопирање на изградбата на мостот.

„Дали Муцунски ќе преземе нешто за да се реализира овој проект? Овој мост, овој капитален проект е многу важен за граѓаните на Аеродром и директно влијае за намалување на сообраќајниот метеж во населбата, а со тоа и намалување на загадувањето“, нагласи Недески.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа