Утрински Весник
Свет

Саркози на суд поради корупција

Саркози на суд поради корупција
Img 5587

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание.

Ова е прв случај од неколкуте истраги што се водат против десничарскиот политичар кој ја водеше Франција во периодот од 2007 до 2012 година, па тој ќе се појави пред судија по неколкугодишни обиди да ги отфрли или поништи обвиненијата.

Img 5587

Во случајот познат како „афера со прислушувањето“, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да им предаде тајни информации од посебната истрага против поранешниот француски лидер.

За возврат, Саркози е обвинет дека му понудил на Азибер да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

Саркози е цел на низа правни истраги – од обвинувањата дека починатиот либиски лидер Моамер ал-Гадафи нелегално ја финансирал неговата кампања до примање наводно мито од продажба на оружје во Пакистан.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател