Утрински Весник
Магазин

Сара Џесика Партер преплавена со емоции на последната прошетка како Кери Бредшо

Сара Џесика Партер преплавена со емоции на последната прошетка како Кери Бредшо

Новата сезона на култната серија „Сексот и градот“, „И просто, така оди тоа“, се снимаше во студио и на улиците на Њујорк од јуни.

Откако поминаа речиси пет месеци, Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), нејзините пријателки Синтија Никсон (Миранда), Кристин Дејвис (Шарлот) и љубовникот Крис Нот (мистер Биг) штотуку го завршија снимањето на претстојната сезона од 10 епизоди.

Имајќи ги предвид шесте сезони (1998-2004), двата последователни филмови (2008 и 2010 година), а сега и новата сезона на „Ејч-би-о“ со оригинален наслов And Just Like That, не е ни чудо што Паркер реши да ги документира своите последни моменти од серијата пред камера.

Во понеделникот, таа сподели емотивно видео на својот Инстагарм-профил.

Таа ја глуми Кери Бредшо од првата сезона на серијата во 1997 година, а сега откри дека е преплавена со емоции последниот ден во обувките на својот сакан лик.

„Само што завршив една авантура и се чувствувам многу сентиментално“, вели таа со тажен тон на гласот, пред да се обиде да ги најде вистинските зборови за да ги пренесе своите чувства.

По неколку секунди пауза, таа конечно додава: „И тоа е тоа – wow“.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027